За нас

Во светот на современата гастрономија, квалитетот, сигурноста и навремената испорака се клучни за успехот. Ние сме компанија специјализирана за дистрибуција на свежа и замрзната прехранбена стока, посветена на обезбедување врвни производи и професионална услуга за нашите партнери.

Со сопствени магацински капацитети во Жабени, Битола и сопствен возен парк за дистрибуција, гарантираме сигурен ладен ланец, контролирани услови на складирање и брза испорака до секој клиент. Нашата широка палета на производи е внимателно избрана за да одговори на потребите на рестораните, хотелите, кафулињата, маркетите и сите професионалци во прехранбената индустрија.

Веруваме дека успешното партнерство се гради со доверба, квалитет и континуирана поддршка. Затоа секогаш сме фокусирани на потребите на нашите клиенти, обезбедувајќи стабилна достапност на производите, професионален сервис и решенија кои го олеснуваат нивното секојдневно работење.

Дистрибутивен центар на F Logistics

Мисија

Нашата мисија е едноставна – да бидеме сигурен партнер кој секојдневно испорачува квалитет, свежина и вредност.

Дистрибутивен центар на F Logistics